Се појавија нови папарацо фотографии на Џенифер Лопез и Бен Афлек, пријателите тврдат дека веќе зборуваат за заедничка иднина

2 јуни, 2021
1467794

Дека работите меѓу нив се навистина сериозни откриваат извори блиски до парот, но исто така истите овие извори тврдат дека Џенифер Лопез и Бен Афлек на прво место ги ставаат своите деца што ги добија во неуспешните бракови, таа со Марк Ентони, а тој со Џенифер Гарнер

Откако неодамна ја обновија својата врска, Џенифер Лопез и Бен Афлек не престануваат да бидат во центарот на вниманието токму поради нивната љубовна приказна. Папараците ги следат сите нивни чекори, а извори блиски до парот со задоволство им веруваат на тамошните таблоиди. Така, во последното појавување во медиумите, еден од изворите потврди дека парот веќе размислува за нов чекор во врската.

Џенифер Лопез (51) минатиот викенд го помина во Лос Анџелес, иако живее во Мајами. Деловните обврски, но и желбата да биде со Бен Афлек, кој е три години помлад и живее во сончевата Калифорнија, беа доволна причина да се качи во приватен авион и да отпатува таму, а нивната намера е да ја одржат врската – на релација Лос Анџелес – Мајами.

Парот бил виден на интимна вечера, по што папараците ги снимиле како одат кон автомобилот, а се шпекулира дека веќе опасно размислуваат за нивната заедничка иднина. „Ова не е обична врска. Тие се сериозни во сè и сакаат сè да трае овој пат“, тврди извор кој додава дека и покрај сè, Џенифер и Бен ги ставаат своите деца на прво место, кои ги добија во претходните бракови.

Тоа се 13-годишните близнаци Ема и Максимилијан, кои ги доби од бракот со Марк Ентони, и кои ѝ се приоритет и таа се обидува да им посвети доволно време и да не ги запоставува заради љубовта.