СЕ ПОЈАВИЛ СО НОЖ ВО РАКАТА ПРЕД НЕЈЗИНИОТ ДОМ: АРИЈАНА ГРАНДЕ БАРА ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП!

23 септември, 2021
valorant-riot-games-agentname-2000x1270

Пред домот на американската пејачка Аријана Гранде се одвивала вистинска драма.

Имено, како што пренесува ТМЗ, 23-годишниот А.Б. се појавил пред куќата на Аријана во Холивуд Хилс во два часот по полноќ во петокот, барајќи од обезбедувањето Аријана да излезе од својата соба.

Откако чуварите му рекле да го напушти имотот, тој извадил нож, поради што полицијата, која била повикана, набрзо реагирала и го уапсила.

Arijana Grande

Не е познато дали пејачката во тоа време била дома, но потврдено е дека таа не се појавила пред нејзиниот дом за време на полициската интервенција.

Според наводите, А.Б. ќе мора да се појави на суд, а правниот тим на Аријана побара трајна забрана за пристап до нивната клиентка.

escort - Korsan taksi