Се породи Скарлет Јохансон! Иако дури вчера се дозна дека холивудската актерка е БРЕМЕНА, таа денес роди момче!

19 август, 2021
fadfb8461e4ce6261f4be3c471f84ca25a863c58

Актерката Скарлет Јохансон се породи и роди здраво момче

Сопругот на познатата актерка ја сподели среќната вест на социјалната мрежа Instagram, каде што го откри и името на момчето.

– Ок, Ок, добивме бебе. Неговото име е Космо. Ние многу го сакаме – напиша гордиот татко Колин Џост, популарен комичар и ги замоли сите за приватност.

На Колин Џост, ова му е прво дете, додека Скарлет Јохансон има седумгодишна ќерка Роуз Дороти со новинарот Роман Дауриак.

– Скарлет ја криеше бременоста, бидејќи не сакаше да го привлече вниманието на јавноста – откри неименуван извор за американските медиуми.

Гласините за бременоста започнаа кога светските медиуми забележаа дека Скарлет сѐ помалку се појавуваше на премиерата на новиот филм „Black arrow “.