СЕ ШПЕКУЛИРАШЕ ДЕКА БИЛА ВО ВРСКА СО МОМЧЕТО НА НЕЈЗИНАТА СЕСТРА: Ким Кардашијан конечно ПРОГОВОРИ за нејзината врска со Тревис!

28 мај, 2021
320174_kim-kw_ff

Американските медиуми изминатиов период многу шпекулираа за врската помеѓу Ким Кардашијан и Тревис Баркер, кој веќе неколку месеци е во среќна врска со нејзината сестра Кортни.

Како што еднаш признал познатиот музичар и актуелен избраник на Кортни Кардашијан за „ US Weekly “, имало „искри“ меѓу него и Ким, но „ништо романтично не се случило“. Сепак, шпекулациите на оваа тема продолжија да кружат низ американските медиуми, а во оваа прилика Ким конечно се огласи.

Имено, ријалити sвездата одговараше на прашањата на обожавателите на Instagram, а едно од нив беше во врска со момчето на нејзината сестра.

– Дали бевте во врска со Тревис? – беше прашањето, а Ким одлучи да проговори јавно за нивната врска за прв пат:

– НЕ! Лажна приказна! Ние сме пријатели со години и јас сум многу среќна за него и Кортни – напиша Ким.

Потсетуваме, шпекулациите беа иницирани од поранешната сопруга на Тревис, Шана Моклер, која изјави дека тапанарот на групата „ Blink-182 “ имал афера со Ким и дека токму тоа довело до развод во 2008 година.