„СЕ ЗАЉУБИВ ВО ИСТИОТ МОМЕНТ КОГА ЈА ВИДОВ“: Ова е жената со која Анџелина Џоли го изневеруваше својот сопруг со години

18 февруари, 2021
266213_zczk9llahr0cdovl29jzg4uzxuvaw1hz2vzl3b1bhnjbxmvtw1nn01eqv8vzjy4njkyyjy2nzdjngjjyzu4nzc5ztq3nwu4mgfmmjmuanbnkzmczqkeaieaaq_ff

Анџелина Џоли има три брака зад себе, но и една врска за која не се зборува премногу, но станува збор за една од нејзините најголеми љубови.

Во март 1996 година, убавата актерка Анџелина Џоли се заколна на вечна Џубов со својот колега од Велика Британија, Џони Ли Милер, кој во тоа време беше многу популарен и не помалку привлечен од денес.

Меѓутоа, следната година Анџелина запознала жена која ја маѓепсала и ја натерала да го заборави заветот што го дала. За време на снимањето на Foxfire, Анџелина се зближила со јапонско-американската актерка Зени Шимизу. Како што и самата призна, тоа беше љубов на прв поглед.

„Се вљубив во моментот кога ја видов“, рече Анџелина во едно интервју во 1997 година.

Како што додаде тогаш, ако веќе не беше мажена, веројатно ќе се оженеше со Џени. Сепак, овие чувства беа изненадување за самата Анџелина, која претходно немала врска со жена.

– Бев изненадена кога одеднаш го почувствував кон жена она што секогаш го чувствував кон мажите – еднаш рече Анџелина. – Сакав да ја бакнам и да ја допрам.

Оваа врска продолжи и во следните години и наводно е една од причините зошто Џони Ли Милер и Џоли се разведоа во 1999 година.

Сепак, на тоа допринесе и фактот дека Анџелина беше од заљублива природа – па само два месеци по разводот, се омажи за актерот Били Боб Торнтон!

Сепак, веднаш штом беше објавено дека Анџелина се разведува од Бред Пит, се појавија гласини дека таа повторно е во контакт со Џени Шимиц, жена која успеа да ја заведе тогаш најубавата актерка на планетата.

escort - Korsan taksi