Сега е и ОФИЦИЈАЛНО: Еве дали Mr. Big ќе се појави во продолжението на Сексот и Градот

29 мај, 2021
gallery-1459016773-landscape-1453073607-orig-stills-015-hbo

Сите што ја гледаа серијата „Сексот и градот“ и навиваа за Кери и Big да останат заедно, ќе бидат среќни кога ќе слушнат дека Крис Нот, познат по ликот на „Mr. Big“, се појавува и во новата сезона на серијата.

Иако првата информација беше дека 66-годишниот актер нема да биде дел од славниот тим, HBO потврди дека Mr. Big сепак ќе биде со Кери Бредшо во новите епизоди.

Нот потпиша договор, поради што продуцентите се презадоволни, а снимањето ќе започне ова лето.

  • „Пресреќен сум затоа што Нот ќе учествува во снимањето на нови епизоди од серијата. Како можевме воопшто и да направиме ново поглавје „Сексот и градот“ без Mr. Big“ – изјави продуцентот Мајкл Патрик Кинг.

Сепак, сè уште е непознато дали актерот ќе биде дел од целата сезона или само одделни епизоди. Да потсетиме, Ким Катрал, која ја толкува Саманта, нема да се најде во нова реализација, бидејќи, како што пишуваат странските медиуми, таа има лоши односи со своите колеги, главните хероини на „Сексот и градот“.