„Сега сум во рацете на човекот кој ме сака“ Памела Андерсон се омажи по шести пат

28 јануари, 2021
profimedia-0494035241

Се вљуби за време на карантинот

Поранешната sвезда на хит серијата „Спасувачка служба“ од 90-тите, 53-годишната актерка Памела Андерсон, покажа дека не се откажува од љубовта и покрај бројните љубовни бродоломи што ги доживеа. Само една година откако стави крај на 12-дневниот брак, таа застана повторно пред олтарот, а ова судбоносно „да“ му го кажа на Бадник минатата година на својот телохранител Дан Хејхурст, кого го засака за време на карантинот.

Ова ѝ е шести брак за поранешната зајачица на Playboy, а нејзиниот сопруг и таа истакнаа дека се за љубени над ушите. „Јас сум точно таму каде што треба да бидам, во прегратките на човек што ме сака“, рече Памела. Церемонијата ја организираше двојката во родната Канада на Памела и таа откри дека свадбата била традиционална, но немале гости, дури ни семејство или пријатели, поради пандемијата на коронавирусот. Таа рече дека не е ни чудо што толку брзо се вљубија и решија да се венчаат. „Оваа година беше како кучешка, како да сме заедно седум години“, рече таа.

На церемонијата, Памела блесна во бела венчаница во vintage стил и долг превез, кој ги истакна нејзините бујни облини. Објавени се и неколку фотографии од венчавката кои можете да ги погледнете ОВДЕ. Да потсетиме, пред една година Памела се омажи за 75-годишниот продуцент Јон Петерс, но бракот траеше само 12 дена. Таа заплови во пристаништето за прв пат со рокерот Томи Ли со кого има два сина, 24-годишниот Брендон и една година помладиот Дилан.

По него, таа се омажи за музичарот Кид Рок во 2006 година, а следната година се разведе и се омажи за професионалниот покер Рик Саломон. Таа се разведе од него по една година брак, но тие повторно се венчаа во 2014 година. Но, и тоа не траеше подолго од една година.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum