Сеќавања….Вака изгледаше Тамара Тодевска како бебе во прегратките на мама Брана (фото)

6 мај, 2021
brana

Тамара Тодевска денес важи за една од најпознатите македонски пејачки, но и една од најактивните корисници на социјалните мрежи.

Таа често со своите фанови, следбеници споделува каде е, што прави, дали подготвува нешто ново на музички план, слатки видеа од децата, па дури и од неодамна отвори Инстаграм за нејзината ќерка Хана.

Тодевска како и нејзините колеги од естрадата е на принудена музичка пауза поради короната која и таа неодамна ја прележа.

Таа овој период го користи за да ужива во заедничките моменти со семејството и пријателите.

Меѓутоа, Тамара овојпат извади фотографија од архива и се врати неколку години наназад.

Имено, во кусите приказни на „Инстаграм“, Тодевска објави фотографија од неа како бебе во прегратките на нејзината мајка Брана.

„Колку слатка е оваа фотографија“, напиша таа покрај објавата.

Инаку, Тамaра неодамна го прослави петиот роденден на својата ќерка Хана.

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi