Сексипил пршти на сите страни: Кортни Кардашијан и Меган Фокс во никогаш пожешко издание позираа во долна облека

23 септември, 2021
315844_profimedia0585693472_ff

Никој не можеше да ја очекува оваа комбинација, па двете се потрудија да засенат се преку овие фотографии

Двете славни дами позираа една до друга во многу предизвикувачки изданија и со своите пози и допири предизвикаа големо внимание на социјалните мрежи. Реалити sвездата Кортни Кардашијан и манекенката и актерка Меган Фокс во долна облека го запалија интернетот.

Двете позираа во бела и црна долна облека, што е најава за колекцијата на познат бренд, но тоа не е се… Посебно внимание привлекоа со своите предизвикувачки пози и елементи што ги имаа на сликата, односно јаболка, цреши и рози.

Во фотосесијата покрај нивните волшебни тела, енергијата што ја пренесоа преку фотографиите целосно ги маѓепса сите. Исто така, нивните темни коси донесоа посебен шарм на овие фотографии.

Како ви се допаѓа нивното издание?