Шакира е ГОРДА, љубителите на фудбалот ВООДУШЕВЕНИ: Џерар Пике се одлучи за потег што предизвика воодушевување низ целиот свет

19 август, 2021
316297_profimedia0306722251_ff

Колумбиската пејачка ретко ги споменува професионалните успеси и кариерата на нејзиниот животен партнер, но овој пат не можеше да одолее на можноста да сподели со сите колку е горда.

Пејачката Шакира, која овие денови се бори со обвинувања за затајување данок поради кои може да заврши зад решетки, на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм сподели фотографија од нејзиниот невенчан сопруг и фудбалер на Барселона, Џерар Пике, како слави на еден натпревар што неговиот тим неодамна го одигра.

Таа ја искористи приликата за јавно да му каже колку е горда на неговиот потег што ја остави фудбалска Европа и светот без зборови – тој се согласи да му се преполови платата за интерес на клубот!

– Многу сум горда на тебе. Твојот тим, тојот клуб и ние, твоето семејство, секогаш можеме да сметаме на тебе кога си ни најпотребен – му порача Шакира на Пике.

Популарната Колумбијка и фудбалерот на шпанската репрезентација се заедно од 2011 година и имаат два сина – Саша и Милан.

Џерар Пике помина низ младинската школа на Барселона и, со исклучок на четири години поминати во Манчестер Јунајтед и една година на позајмица во Реал Сарагоса, од 2008 година е член на најпознатиот каталонски фудбалски клуб, за кој одигра 567 натпревари.

escort - Korsan taksi