Шакира е жена за сѐ: Освен што пее и танцува, латино sвездата покажа што друго може да направи, а не е лесно!

23 август, 2021
sakira6-830x0

Освен танцување и пеење, Шакира има уште еден талент

Популарната пејачка Шакира ги воодушеви сите на социјалните мрежи, кога објави ново видео во кое вози скејт.

Имено, латино sвездата е позната по пеењето, како и одличното танцување и неверојатното вртење со колковите, што ја заведува публиката со децении.

Но, таа сега сосема неочекувано покажа спортска дисциплина која не е лесна, но за неа е.

Судејќи по видеото што го објави, скејт на Шакир ѝ е вистинско задоволство, а своите вештини ги покажа без проблеми.

Се грижеше и за безбедноста, носеше шлем и штитови, а нејзиното совршено тело дојде до израз бидејќи имаше тесна опрема која е наменета само за скејтборд.