ШЕХЕРЕЗАД ОТКРИ ШТО ПРАВИ ВО ТРЕТАТА БРЕМЕНОСТ „Сопругот ми се лути“

14 јуни, 2021
Screenshot_2

Третото бебе пристигнува кон крајот на летото

Иако нивното второ дете, синот Хан, пристигна во март минатата година, „шепотите“ за распадот на бракот на еден од најпопуларните турски парови, 50-годишниот Халит Ергенч и неговата 12-години помлада сопруга Бергузар Корел , не запреа сѐ до пред два месеци откако објавија дека го очекуваат третото дете. Бергузар Корел, актерка попозната како убавата Шехерзад, тогаш на Instagram објави дека го чека своето трето дете со сопругот Халит, најпознат по улогата на Сулејман Величествениот. Последните три години не ја гледавме во телевизиски проекти, а потоа, кога започна да снима нова серија, мораше да ја прекине, бидејќи остана во блажена состојба.

 Иако не ја планирале бременоста и тоа ги изненадило, извори блиски до парот велат дека се многу среќни што пристигнува уште едно бебе во семејството. Пред неколку дена, Бергузар кратко им откри на турските медиуми како се чувствува. „Бременоста е застрашувачка и прекрасна. Во некои работи ми е полесно отколку во првата бременост затоа што знаете што ве чека, но во други аспекти е многу потешко. На пример, добив 16 килограми сега, додека во првата бременост во овој период добив девет или десет килограми. Но, сите овие се слатки маки“, рече таа.

Бидејќи е во блажена состојба, таа вели дека има можност да се занимава со работи за кои претходно немаше многу време. Затоа, малку го редизајнираше ентериерот, а неодамна се пофали со новата кујна на Instagram. Конечно беше создаден омилен агол по нејзин вкус. „Ми се допаѓа кога сè е на свое место, јас сум перфекционист. Мора да се знае редот и што каде да се застане. Сега конечно можам да уживам во тоа “, вели убавата актерка, која нема мир, и токму затоа што е многу активна, нејзиниот сопруг понекогаш ѝ се лути:„ Ми вели да ги смирам страстите, да се одморам. Халит често ми се лути, но знае дека јас не сум тип на личност што само ќе лежи“, заклучи таа. Патем, сопружниците исто така го знаат полот на бебето, но сеуште не ги споделиле овие информации со обожавателите.

escort - Korsan taksi