Шкотската актерка Роуз Лесли и англискиот актер Кит Харингтон, кои се прославија со своите улоги во серијата „Игра на тронови“, го добија своето прво дете

17 февруари, 2021
Screenshot_1

Шкотската актерка Роуз Лесли и англискиот актер Кит Харингтон, кои се прославија со своите улоги во серијата „Игра на тронови“ , го добија своето прво дете

„Тие добија машко бебе и се многу, многу среќни“, изјави за Us Weekly гласноговорникот на актерите.

33-годишната актерка го покажа трудничкото стомаче во септемвриското издание на британското списание „Маке“.

„Многу посебна фотосесија на целосно женски тим кој ја забележи Роуз во убаво време додека се подготвува за мајчинството за прв пат“, напиша директорката на модни списанија Урсула Лејк на Instagram.

Ѕвездата на хорор трилерот „ Honeymoon “ во 2014 година зборуваше тогаш во едно интервју за нивната неверојатно стара куќа во Источна Англија, од времето на династијата Тудор.

„Сакам да размислувам за куќата и за сите луѓе што живееја таму. Дали беа среќни, како живееја? Сите оние семејства што минуваат под тие дрвени греди. Одлична работа е да имате можност да избегате на село и да ја обновите. Голема привилегија е да бидете опкружени со зеленило, жива ограда, птичја песна и нашите прекрасни соседи. Толку е мирно“, рече Роуз.

Тогашната бремена sвезда откри како го нарекуваат нивниот дом „куќа изградена од Џон Сноу“, осврнувајќи се на ликот кој нејзиниот сопруг го играше во „Игра на тронови“.

Лесли и Кит се венчаа во 2018 година во Шкотска. Речиси една година по венчавката, актерот побара стручна помош и се повлече на лекување.

„Кит отиде на третман поради Роуз. Живееше многу нездрав начин на живот. Тој беше под стрес цело време и користеше нездрави средства за да се справи со сето тоа. Роуз многу го сака и веќе некое време му кажуваше да замине на лекување “, изјави извор за Us Weekly во мај 2019 година.

Гласините за нивната врска се појавија во 2012 година, а Харингтон ја запроси Лесли во септември 2017 година.