Шокантно интервју: Хари и Меган ја отворија душата на Опра Винфри

1 март, 2021
хаеи

Најавата за големото интервју во кое принцот Хари и Меган Маркл и ја отворија душата на познатата Опра Винфри беше емитувана на каналот CBS во неделата и навестува разговор што целиот свет ќе сака да го слушне.

„Само сакам да им кажам на сите дека нема тема што е забранета“, рече Винфри, а потоа и се обрати на војвотката од Сасекс: „Дали сте молчеле или сте замолчени?“

„Звучи како пресвртница“, продолжува Опра, а потоа Хари одговара во еден момент: „Мојата најголема грижа беше да не се повтори историјата“.

На крајот од објавата, Опра заклучува: „Овде кажавте прилично шокантни работи“ и што точно сака да каже, треба да дознаеме на 7 март, кога ќе се емитува интервјуто.