Синди Крафорд и нејзиниот сопруг купија луксузна вила! Дури 9,6 милиони долари биле искеширани за рајот во Мајами

8 јануари, 2021
profimedia-0327801764cindy-crawford-830x0

Познатиот американски пар купи нова вила во Мајами со фантастичен поглед на море

Американската манекенка и една од најпопуларните супермодели од 90-тите години, Синди Крафорд (54) и нејзиниот сопруг и бизнисмен Ранде Гербер (58) купија луксузна вила во Мајами, Флорида за 9,6 милиони долари.

Имено, славниот пар на почетокот на 2021 година купи куќа што е изградена во 1955 година и има 353 м2.

Куќата, која најверојатно ќе биде срушена во иднина со цел да се изгради комплетно нов имот, има 5 спални и 4 бањи.

Во дворот има голем базен лоциран на неколку метри од океанот, како и прекрасен тревник за уживање во природата меѓу палмите. Тие ќе имаат свој удел на плажата и крајбрежјето и ќе уживаат во неверојатниот поглед на отворено море, без никакви визуелни пречки.

Да потсетиме, Синди и Ранде се венчаа во 1998 година и оттогаш се во среќен брак. Заедно имаат две деца – ќерката Каја (19), која тргна по стапките на нејзината мајка и синот Присила (21), кој се занимава со моделинг и беше многу понепослушен од неговата сестра, а неодамна заврши и на одвикнување од дрога.

Погледнете фотографии од луксузната вила во Мајами во галеријата подолу.