СИНДИ КРАФОРД РЕКРЕИРАШЕ СЦЕНА ОД МЛАДОСТА: Ова е доказ дека годините за неа се само бројка! (ФОТО, ВИДЕО)

12 септември, 2021
257829_profimedia0146606019_ls

Позирајќи покрај црвениот автомобил, една од најпознатите модели досега, Синди Крафорд, повторно зеде „Пепси“ лименка.

На својот профил на Инстаграм, таа сподели фотографија во тексас шорцеви и бела маица рекреирајќи ја култната реклама за Пепси од 1992 година. Таа одлучи да ја направи фотографијата за добротворни цели, со цел да собере средства за детската болница “American Family”.

“Секогаш е задоволство и возбуда да се работи со мојот пријател Дејвид Џару, а уште повеќе кога станува збор за добротворни цели. Се вративме во 1992 година за да рекреираме историски момент и да собереме средства за детска болница. Досега, со помошта на Дејвид веќе собравме милион долари. Му благодарам и на мојот фризер Питер Савиќ кој ми ја направи познатата фризура. Воодушевена сум што сум овде и мислам дека успеавме”, напишала Синди покрај сликата. А подолу, погледнете како изгледаше рекламата од 1992 година со нашиот мал коментар дека Синди и понатаму изгледа фантастично по речиси 30 години!

escort - Korsan taksi