Синот на Весна – Бејби кој сега е кај татко му во САД, стана полнолетен: „Златен на мајка ми фали… Кики те сакам колку сите зрнца во песокот“ (ФОТО)

28 април, 2021
синот на бејби

 

Весна Бејби Петрушевска е неуморна. Кога не е на „штииците што живот значат“, нема престави во театарот или ТВ снимања, го има своетоо училиште за глума, хуманитарните акции, пишувањето… За неа денот секогаш е исполнет, полн со нови предизвици, надежи очекувања, остварувања…

Деновиве таа ги повика сите што можат да направат добро и хумано дело, тоа да го сторат донирајќи, кој колку може во хуманитарни цели во „Детското СОС село“ кое одбележува 20 години постоење.

Видеопорака и повик преку својот Инстаграм профил, со многу малку, да сториме многу повеќе за децата кои се без родителска грижа.

Патем таа ја најави и својата нова книга… Токму со извадок од својата прва – „Трофеј“, пет години подоцна, од нејзиното издавање.

Дали  во неа ќе има автобиографски моменти и елементи од личниот живот и случувањата на актерката, логично продолжение на „Трофеј“  или тоа ќе биде некаква сосема поинаква фикција со поразлична содржина, останува да почекама, да видиме и прочитаме.

Во меѓувреме, живото тече, времето брзо лета, децата растат, па така нејзиниот син Кирил, кој сега живее кај татко му во САД, неодамна наполни 18 години и стана полнолетен. Иако физички далеку од неа, Бејби не можеше да ги скрие љубовта и емоциите кон своето, сега веќе „големо  момче“, па покрај тоа што „телепатски“ му испрати бакнежи прегратки, му испрати и роденденска порака преку социјалните мрежи. Во неа меѓу останатото таа го опиша своето чувството на радост, гордост и среќа, но во исто време и тага и емотивна празнина што не е во тој момент покрај неа.

Сепак онака, како што само мајка може да ти посака, таа сподели роденденска фотографија од него со свој емотивен статус покрај неа, сеќавање кое истовремено го пара срцето, но и ја осветлува душата:

„Кирил наполни 18 години. Се обидувам дa се насмеам и навистина сум среќна за него, знаејќи дека е во добри раце кај татко му во Хјустон. Нормално сум досадна зборувајќи му да учи, да се запише на добар универзитет, да си фати женска… Демек сум кул и ОК… Тој стана полнолетно момче… Се сеќавам на чевличката која ја носеше во Битола, два броја помали па имаше некое раниче на малото прсте. Отидовме да купиме нови чевли во Пеко (природно Битола) и продавачката ме прашува: Ваш е? Ја гледам насмеано и и’ одговарам: Највеќе е мој! Златен на мајка ми фали ама знам дека ќе успее. Кики те сакам колку сите зрнца во песокот“ – напиша мајка Весна – Бејби горда на својот полнолетен син!

Се разбира, следуваа честитки и убави зборови за здравје, среќа, радост, успеси… Се бројат во илјадници, а меѓу нив и оние, на неа најблиските меѓу познатите: Калиопи, Каролина, Тијана, Панчо-ДНК… Низата е долга. Нека е жив и здрав, среќен, и успешен и  цел живот да ги прави горди тато и мама – Бејби!

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi