СИРОМАШНАТА РУСИНКА ПО КОЈА СВЕТОТ ,,ОДЛЕПИ”: Ирина ШАЕК стана позната по врската со фудбалерот, а сега е милионерка во танга!

6 април, 2021
irina

Јавноста фасцинирано гледаше во убавата придружничка на Кристијано Роналдо … погледнете ја сега!

Пред шест години јавноста ревносно читаше за распадот на врската помеѓу „најубавиот пар на светот“ – Кристијано Роналдо и манекенката Ирина Шаек!

Причина за распадот на врската меѓу еден од најдобрите фудбалери на денешницата и руската убавица беа неговите бројни прељуби, за кои Ирина своевремено зборуваше – „Кога некој друг ќе ти ги отвори очите …“, рече таа во едно интервју, држејќи ги солзите .

Во истото интервју, таа откри детали за нејзиното тешко воспитување, дека нејзиното семејство било сиромашно и дека, обидувајќи се да стане модел, знаела да гладува и со денови и да дели парче пица со други девојки со кои барала среќа на модните писти низ целиот свет.

Сепак, Ирина наскоро ја пронајде среќата со актерот Бредли Купер, со кого доби ќерка. После неколку години, таа врска заврши, а Ирина сега покажа како изгледа по една година „пандемска пауза“ – подобро од кога било!

Таа објави серија слики на Инстаграм каде позира во мрежеста трико, танга, градник … погледнете!