Сите зборуваат за овој заводлив настап на Дуа Липа на Греми наградите

15 март, 2021
010f585fd8b513e81bf4

25-годишната пејачка беше номинирана во шест категории, а освои Греми во само една.

Пејачката Дуа Липа (25) го привлече вниманието со својот заводлив и секси настап на 63-тото  доделување на музичките Греми награди. На доделувањето на наградите, што се одржа во Лос Анџелес во согласност со епидемиолошките мерки, пејачката се појави на сцената во розово издание и малку го зачини ова доделување, што поради пандемијата не беше слично на претходните.

Дуа Липа беше номинирана за шест награди и ги воодушеви обожавателите со изведбата на нејзините најголеми хитови “Levitating” i “Don’t Start Now”. Таа за прв пат излезе на сцената во преголем розов фустан покриен со дијаманти и го започна својот настап со побавна верзија на нејзиниот хит “Levitating”. После тоа, брзо се пресоблече во пурпурно сако и продолжи да настапува со раперот ДаБејби. Со првите тактови на нејзиниот хит “Don’t Start Now”, Дуа ја соблече јакната и остана само во розова долна облека и го направи најзборуваниот настап на синоќешното доделување на наградите, кој има над 700.000 прегледи на Јутјуб.

На овогодинешниот Греми, Дуа Липа имаше шест номинации во силна конкуренција, а на крајот освои само еден Греми, оној за поп-вокален албум на годината. Најмногу причини за прослава минатата ноќ имаа Тејлор Свифт чиј албум „Фолклор“ беше прогласен за албум на годината и Били Ајлиш чија песна “Everything I Wanted” доби Греми за песна на годината.