Сите жени и завидуваа,сите мажи сакаа да ја имаат: Контроверзниот живот на Брижит Бардо!

27 март, 2021
150173_profimedia0279686807_ls

Бардо е родена на 28 септември 1934 година во католичко граѓанско семејство кое живее недалеку од Ајфеловата кула. Како дете, Бардо сонувала еден ден да стане балерина, а потоа била примена на Конзерваториумот во Париз на 13-годишна возраст.

Нејзината кариера за фото-модел започнала кога имала 15 години. Пријател на нејзината мајка и дал шанса. Благодарение на него, таа се појави на насловната страница на списанието „Elle“.

Таа сфати дека и е судено да биде sвезда, па го напушти балетот и се фокусираше на актерството. Сепак, балетот и донесе корист бидејќи го обликуваше нејзиното тело и ја научи на елегантно држење на телото, кое со текот на времето стана нејзин заштитен знак.

Меѓународна слава

Нејзината брилијантна кариера започна со списанието „Elle“. Нејзиниот прв сопруг Рожа Вадим го препозна нејзиниот потенцијал на почетокот на нејзината кариера и стана нејзин менаџер и соработник. Првите филмови во кои глумеше беа комедии. Вадим и ја даде главната улога во неговиот филм „И Бог создаде жена“ од 1958 година, кој и ја обезбеди меѓународната слава во следните години.

Филмот се фокусираше на сензуалноста и младинската воздржаност на оваа тогаш 22-годишна актерка и со тоа ја освои Европа, а истовремено ја шокираше американската публика, па филмот беше забранет во некои земји, што го направи уште поинтригантен.

Во текот на 50-тите, започна вистинската „бардоманија“. Сè што снимаше беше спротивно на старите филмски правила. Бардо стана заштитно лице на напредното авангардно кино, затоа што им покажа на жените дека можат да бидат и повеќе од домаќинки и мајки.

“За разлика од холивудските актерки кои играа според туѓи правила, Бардо играше сама. Таа привлекуваше жени кои сакаа да бидат како неа и мажи кои ја обожаваа”, коментира Марија-Доминик Леливр за Гардијан.

escort - Korsan taksi