СКАНДАЛ КОЈ ГО ТРЕСЕ ХОЛИВУД! Бритни Спирс се откажува од својот татко, не сака повеќе да го гледа затоа што и ги искористи милионите, откриено е кој ќе управува со огромната сума пари во нејзино име!

27 март, 2021
britni_1000x0

Да се потсетиме, обожавателите на Бритни Спирс претходно започнаа акција на социјалните мрежи под хаштагот FreeBritneу, која се залага пејачката конечно да започне да управува со сопствениот живот.

Пејачката Бритни Спирс повеќе не го сака својот татко Џејми Спирс како старател, па по 13 години колку што нејзиниот татко управуваше со нејзиниот живот, таа поднесе барање во Лос Анџелес за нејзината менторка Џоди Монтгомери да ја преземе таа улогата.

Рочиштето за старателството на Бритни ќе се одржи на 27 април годинава, а потоа ќе се одлучи дали Џоди ќе биде таа што ќе одговара за неа

Поради лошата ментална состојба, Бритни Спирс е под старателство на нејзиниот татко од 2008 година, кога доживеа нервен слом, што значи дека тој управува со нејзиниот живот, финансии и кариера повеќе од една деценија.

Според странските медиуми, Бритни доставила документи во кои бара нејзиниот татко да се повлече од функцијата главен старател, за Џоди да ја преземе таа улога и да биде одговорна за нејзините одлуки и да и помогне да ја продолжи кариерата. Доколку менторот ја добие оваа улога, Џејми сепак ќе остане на позицијата на втор старател кој заедно со „Bessemer Trust” ќе се грижи за нејзините деловни и финансиски прашања.

Britni Spirs

Инаку, во септември 2019 година, Џоди беше привремен старател на Бритни Спирс, бидејќи нејзиниот татко имаше здравствени проблеми во тој период.

Да се потсетиме, обожавателите на Бритни Спирс претходно започнаа акција на социјалните мрежи под хаштагот FreeBritneу, која се залага пејачката конечно да започне да управува со сопствениот живот.

– Овие теоретичари на заговор немаат идеја. Судот во Калифорнија ќе одлучи што е најдобро за мојата ќерка. Моја должност е да го пријавам на суд секој потрошен долар. Како би можел да украдам нешто? Луѓето ни се закануваат со смрт, не сакам такви обожаватели. Ја сакам ќерка ми и моите деца – изјави Џејми Спирс во интервју за „Page Six“.

escort - Korsan taksi