Скап мантил, никогаш подобар изглед и – НОВO МОМЧЕ?! Адел фатена со фраерот по кој лудуваат многу жени (ФОТО)

19 јули, 2021
325132_adeliricpolprofimedia0622064075_ff

Токму кога помисливме дека е прашање на време кога британската пејачка ќе признае дека е со познатиот рапер, таа се појави на еден натпревар со друг маж

Две години се шпекулираше дека пејачката Адел е во врска со британскиот рапер Скепт, инаку поранешното момче на Наоми Кембел, а парот беше виден заедно на шопинг во Калифорнија пред неколку дена.

Токму кога сите помислија дека конечно ќе ја признае својата љубов со раперот, таа ги изненади сите појавувајќи се на јавен настан со друг маж! Станува збор за Рич Пол, најпознатиот агент во НБА и најдобриот пријател на Леброн Џејмс, а со Адел уживаше во кошаркарски натпревар. Иако двајцата не разменуваа нежности, тие цело време разговараа и се смешкаа, покажувајќи дека им е многу, многу пријатно заедно.

Во својот подкаст, новинарот Брајан Виндхорст зборуваше за пејачката како девојка на Пол.

„Агентот Рич Пол ја донесе својата девојка на натпреварот“, рече тој и додаде: „Неговата девојка е Адел“. Ова е прв пат тие да излезат во јавноста заедно, така што ова ќе ги преплави таблоидите, особено утре во Англија.

Пејачката, инаку, изгледаше волшебно во црна облека и долг мантил, за што модните портали истакнуваат дека потсетува на стилот на Вивиен Вествуд, а носеше и црна заштитна маска и многу златен накит.

Богатиот Пол е, инаку, многу популарен во светот на спортот и се истакна како исклучителен агент, а неговото богатство се проценува на 100 милиони долари. Ние, признаваме, навивавме за Скепт, но … Само погледнете ја нејзината насмевка!

escort - Korsan taksi