СЛАВНАТА КОМИЧАРКА БОЛЕДУВА ОД РАК: Кејти Грифин објави дека ќе ѝ биде отстранет дел од белите дробови, откри и во каква состојба е

3 август, 2021
2666795_profimedia0624943607_ls

Познатата американска комичарка Кејти Грифин на Инстаграм објави дека боледува од рак на белите дробови и дека ќе оди на операција во која ќе и биде отстранет дел од белите дробови.

„Луѓе, морам нешто да ви кажам. Имам рак. Наскоро ќе имам операција во која ќе ми отстранат половина од левото белодробно крило“ – ја започна објавата таа.

„Да, имам рак на белите дробови иако никогаш не сум пушела. Лекарите се многу оптимисти бидејќи ракот е во првата фаза и остана на левото белодробно крило. Се надеваме дека после ова нема да ми треба хемотерапија или зрачење и дека ќе можам да дишам нормално. За еден месец, треба да бидам во движење како и обично“ – напиша Кети.

„Ова беа луди четири години, се обидував да се вратам на работа, ве забавував, но ќе бидам добро. Се разбира, јас бев вакцинирана против ковид. Ако не го сторев тоа, последиците ќе беа уште посериозни. Ве молам, одете на редовни прегледи, ќе ви го спаси животот“ – заклучила таа.

Keti Grifin
escort - Korsan taksi