Славни роднини: Бред Пит и Барак Обама, Елизабета Втора и Бијонсе… кои други ѕвезди се во роднинска врска?

30 април, 2021
bc2c7edcf0023c803f04

Aктерите Крис и Лиам Хемсворт се браќа, Мелани Грифит е мајка на Дакота Xонсон, додека Џулија Робертс е тетка на младата актерка Ема Робертс. Но, дали знаете што ги поврзува режисерката Софија Копола и актерот Николас Кејџ? Нивните татковци се браќа што ги прави братучеди. Покрај тоа, вистинското презиме на Никола е Копола, но тој одлучи да го промени затоа што веруваше дека тоа може да му наштети во неговата актерска кариера.

Вистинско изненадување предизвика сродството помеѓу Барак Обама и Бред Пит. Деталното истражување на семејното стебло на поранешниот американски претседател покажа дека во деветтата генерација тој е поврзан со холивудскиот убавец. „Се чини дека тој ја добил таа поубава страна на генетскиот базен“, рече Обама на прашањето да ја коментира оваа љубопитност.

 | Autor: Shutterstock/Getty

Генеалошките истражувања покажаа дека крвните врски ја врзуваат и британската кралица Елизабета Втора и Бијонсе Ноулс, една од најуспешните пејачки на сите времиња. Според Би-Би-Си, двете дами се братучеди во 25-та генерација, а заеднички предок е Хенри Втори, кој прв ја носеше титулата крал на Англија.

Понатаму, истражувањето на оваа британска телевизиска компанија покажа дека се далечни братучеди и војвотката Камила и пејачката Мадона, додека Кејт Мидлтон се поврзува со популарната водителка Елен Деџенерис.

 | Autor: Shutterstock

Војвотката од Кембриџ се поврзува и со актерките Ел и Дакота Фанинг. Сајтот Ancestry.com уште во 2014 година откри дека тие се во роднинска врска во 21-та генерација и ги поврзува кралот Едвард Први од Англија, чии потомци се и двете страни.

Пејачот Џастин Бибер многумина го сметаат за најпознат Канаѓанец во светот, а интересно е што неговата крв го врзува со уште двајца познати сонародници . Во 11-та генерација тој е во роднинска врска со актерот Рајан Гослинг, додека пејачката Аврил Лавињ е негова братучетка во 12-та генерација.

 | Autor: Shutterstock

Актерите Кира Сеџвик и Кевин Бејкон се во среќен брак три децении, а дека се роднини дознале сосема случајно додека се појавиле во телевизиско шоу што се занимава со анализа на потеклото. Откриено е дека сопружниците биле во роднинска врска во деветтата генерација. Бидејќи сè уште станува збор за многу далечни семејни врски за да влијае на бракот, оваа случајност стана само симпатична линија од животот на семејството Бејкон.

 | Autor: Shutterstock