Славниот актер нуди повеќе од 2 милиони да ги замолчи девојките кои тврдат дека ги малтретирал

2 јули, 2021
slaven

По обвинувањата дека тој и неговите соработници малтретирале студентки во неговото училиште за глума и тужба за сексуално злоставување, Џејмс Франко сега сака да се договори за сума од точно 2.235.000 долари, а сите погледи се свртени кон судијата чие одобрување се чека.

Имено, со девојките кои наводно биле злоупотребени од страна на актерот, доколку судијата ја прифат спогодбата, тој ќе издаде заедничко соопштение во кое ќе може да продолжи да ги негира обвинувањата.

Иако обвинетиот ги негира обвинувањата, тој признава дека тие потенцираат важни прашања, а обете страни се согласуваат дека сега е време да се фокусираат и да започнат со решавање на проблемот со злоупотреба на жени во Холивуд. Сите се согласуваат дека никој во забавната индустрија не смее да биде изложен на злоупотреба и дискриминација, без оглед на полот, религијата, расата, сексуалната ориентација или попреченост, се вели во соопштението.

Да потсетиме, по освојувањето на Златниот глобус, за неговата улога во филмот “The Disaster Artist”, дури пет жени го обвинија дека ја користел својата позиција како учител по глума за да ги задоволи сексуалните фантазии. Студентите тврдеа дека Џејмс дивеел на сетот ако одбијат да се соблечат топлес.

Во тужба поднесена од две жени во Лос Анџелес, се тврди дека неговото училиште за глума им овозможило на Франко и неговите соработници да малтретираат жени и да ги злоупотребуваат сексуално.

Имено, Сара Титер – Каплан и Тони Гал плаќале 300 УСД месечно за часови и уште 750 УСД за мастер-класа што вклучува секси сцени.

Во тужбата се наведува дека студентите морале да снимат видео запис на аудицијата, а сè прегледувал Франко. За време на аудициите и часовите, младите студентки биле принудени да учествуваат во симулирани сексуални сцени кои биле далеку од вообичаените стандарди во индустријата.

Покрај тоа, им било ветувано дека ќе им ,, средат” улоги во идни проекти. Титар – Каплан тврди дека школото на Франко ја одвело до улога во некој од неговите идни филмови откако таа учествувала во оргиски сцени кога Франко намерно ја поместил заштитата додека симулирал орален секс.

escort - Korsan taksi