Славниот музичар ја отвори душата и откри непознати детали за себеси: „Бев на чекор до смртта“

9 мај, 2021
Elton John

Елтон Џон рече дека бил само 24 часа оддалечен од смртта, по операцијата за карцином на простата што ја имаше во 2017 година.

Музичарот зборуваше за својата борба и опиша сè во книгата „Јас“, која ќе биде објавена наскоро. Дејли меил дошол во сопственост на одредени делови од книгата во која Елтон опишал дека за време на рутински лекарски преглед било откриено дека има рак на простата. Во тој момент тој донел одлука да не се подложи на хемотерапија, но сакал да биде опериран и така, морал да откаже голем број концерти што ги закажал.

Да бидат работите уште полоши, по операцијата добил инфекција, што буквално можела да го чини живот: „Имав многу среќа. Лекарите му рекоа на мојот сопруг дека сум 24 часа оддалечен од смртта. Да останев на турнејата еден ден подолго, сега немаше да бидам тука“ – рече Елтон Џон.

escort - Korsan taksi