СЛИКАТА ОД ЏЕЈ ЛО И БЕН АФЛЕК КОЈА ГИ ЗАПАЛИ МРЕЖИТЕ, ОВОЈ ДЕТАЛ НИКОЈ НЕ ГО ЗАБЕЛЕЖА: Дали навистина 20 години ја чекал НЕА?

31 мај, 2021
249621_profimedia0193811673_ls

Помирувањето на Џенифер Лопез и Бен Афлек, по скоро две децении разделба, предизвика ентузијастички реакции кај луѓето ширум светот.

Нивните заеднички фотографии од празникот ја обиколија планетата, а со денови никој не забележа еден важен детал.

Имено, на една од папарацо-фотографиите е можно да се види дека Бен носи нараквица што ја доби како подарок од Џенифер во 2002 година, за време на снимањето на спотот за песната „Jenny from the block“.

„Дали е реално тој да го чуваше ова 20 години?“, „Можеби побарал да му направат идентична сега кога се повторно заедно“, „Тоа е вистинска љубов“, се нижеа коментарите.

Да потсетиме, Џеј Ло неодамна ја раскина свршувачката со бејзбол играчот Алекс Родригез, по бурниот период во кој весниците пишуваа за нивниот раскин, а тие го негираа тоа, но на крајот врската заврши. Набргу потоа, пејачката беше фотографирана во друштво на познатиот актер и поранешна љубов.

escort - Korsan taksi