Снеже Велков за „градоначалник“: Само таа го гледа Скопје поинаку, уште од рано изутрина… Веќе попладне, македонската престолнина нема врска со утринската убавина (ФОТО)

29 септември, 2021
velkov

Во екот на предизборната кампања за локалните избори, разбирливо македонската престолнина е најпримамливата „тврдина“ која политички треба да се освои. Борбата на дузина кандидати допрва станува „гладијаторска“, а меѓу нив секако и неколку дами.

И додека независните и „зависните“ прават се’ да ги освојат симпатиите, а со тоа и гласовите на своите сограѓани крстарејќи го по маалата, населбите, општините, во предизборна дружба со граѓаните од  главниот град, една дама го крстари главниот град уште од рано наутро, уште додека Скоје речиси спие…

И тоа секој ден, гледајќи го со поинакви очи, иако не е ниту во кампања, ниту има кандитатура или градоначалнички претензии. Нема врска со политика, а патем дури не е ниту родена скопјанка, иако веќе доволно долго живее и работи во македонската метропола.

Снеже Велков, македонската ТВ водителка и пилатес инструкторка секое утро, уште додека сонцето едвај се пробива на хоризонтот, го  јавнува својот велосипед и тргнува да го крстари главниот град. Заради сопствена рекреација и туѓа мотивација на оние што ја следат.

А градот убав веројатно рано наутро е најубав… Зашто е најпразен.

Отприлика исто како што кога за празник или споен викенд скопјани ќе заминат некаде на ден-два-три, а „ско-пја- ни“ ќе си заминат дома… По Македонијава!

Како и да е, русокосата убавица качена на својот велосипед секое утро е сведок на нова магија…

Или како што споделувајќи фотографии и видеа од „утринското волшебство“ на македонската престолнина, самата вели:

„Во ова видео е одговорот на прашањето:
„Снеже како не те мрзи да стануваш секое сабајле да возиш точак?“
„Не ме мрзи, зошто секое утро сум сведок на нова магија“.
„Погледнете го Скопје од мојата утринска перспектива и кажете ми дал сум луда ил сум среќна што уживам во овие убавини секое утро?“
„Скопје наутро нема врска со Скопје попладне!“ – децидно тврди водителката.

„Луда“ или среќна или можеби двете, едно е сигурно:  Само таа го гледа Скопје поинаку, уште од рано изутрина… Веќе попладне, македонската престолнина нема врска со утринската убавина.

Ова го констатирале безброј пати многу скопјани од некои претходни генерации, кога до душа не на велосипед, туку враќајќи се дома во раните утрински часови од незаборавните ноќни забави и лудиот провод во „златните времиња“ на 90-ите, ја почувствувале убавината на утринската магија на Скопје пред да се разбуди. Нешто што оддамна го нема, ама кој да знае… Малку недостасува „градот убав пак да никне“… Со вистински градоначалник!

Па кој од дома на велосипед уште од рано изутрина заради рекреација и релаксација, кој на пат кон дома на бурек или чорба… на утринска „детоксикација“!

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi