Со години ја криела вистината од јавноста: Никој не знаеше каква тага се крие позади насмевката на Ева Лонгорија!

17 март, 2021
204573_profimedia0483831988_ls

Кога невообичаената американска серија „Очајни домаќинки“ се појави на малите екрани во 2004 година, посебно внимание привлече една жена која го играше ликот на Габриела Солис, чија врска со младиот градинар ја зачини целата прва сезона. Ева Лонгорија стана голема sвезда преку ноќ, а успесите само продолжија да следат после тоа.

Иако секогаш ја гледаме насмеана, нејзиниот живот не е совршен како што мислат сите. Таа со години ја криеше болната вистина од јавноста, и покрај сите неволји, таа остана силна.

Детство

Ева Лонгорија е родена на 15 март 1975 година во Тексас. Ева има постара сестра за која е силно приврзана и која е родена со ментално растројство. Јавноста не знаеше за ова со години, сè додека Ева не ја отвори душата во едно интервју. Како што и самата признава, таа е многу приврзана за неа. Состојбата на нејзината сестра секогаш била тешка, па затоа ја основа фондацијата „Eva’s Heroes“, која им помага на децата со пречки во развојот.

“Секогаш се грижев за неа. Имаше денови кога плачев нон стоп и се прашував како таа го заслужува сето тоа. Тоа е рана што ме гори со години”.

Eva Longorija

Кариера

Пред да стане успешна актерка, Ева сонуваше да стане модел, но поради нејзината висина од само 157 см, не постигна голем успех.

Во 2004 година, таа направи пресвртница кога прифати улога во серијата „Очајни домаќинки“. Од тој ден започнува период на голем успех за неа. Таа имаше уште една многу забележителна улога во филмот „The Sentinel“, кој беше нејзина прва филмска улога.

Два промашени брака

И во љубовта помина низ бурни периоди. Додека не го запозна Тајлер Кристофер, човекот на нејзиниот живот и не роди дете со него, Ева имаше два неуспешни брака. Првиот беше со кошаркарот Тони Паркер, кој е 8 години помлад од неа, а вториот со мексиканскиот бизнисмен Хозе Бастон.

Двата разводи беа бурни и оставија големи емотивни последици врз актерката.

Во 2010 година, Ева пронашла преписка со неколку жени и докази за прељуба на телефонот на нејзиниот тогашен сопруг. Набргу потоа, тие раскинаа.

Eva Longorija

„Таа само имаше скршено срце“, откри пријателката на Ева. “Таа навистина го сака најдоброто за Тони. Само сака целата ситуација да биде што е можно смирена во околностите. Таа е добра личност во срцето и го сака најдоброто за него”.

Најтешкиот период во животот

Кога конечно помисли дека нејзиниот живот е мирен, следеа тешки вести. Имено, во 2017 година беше утврдено дека нејзината сестра боледува од рак.

“На мојата сестра Елизабета и беше дијагностициран карцином на дојка пред неколку години. Не зборував претходно за тоа и од неколку причини. Една е, сестра ми е личност со посебни потреби и нејзиниот живот е тежок и онака, а во тоа време, јас не знаев многу за таа болест “, рече Лонгорија за People.

“Денес размислувам за тоа сосема поинаку. На мојата сестра и беше дијагностициран карцином во првата фаза, имавме среќа. Но, една од три жени со дијагностициран карцином е во фаза каде се проширил на телото. Во тоа време, јас не знаев ништо за ракот на дојка кој исто така метастазира и важноста на превенцијата и навремените прегледи“, објасни актерката.

Eva Longorija

“Сега сакам да зборувам за тоа, бидејќи се прашувам, колку жени, колку луѓе кои се мои фанови, не знаат доволно за тоа? Колку жени не се испитани на време? И ние имаме толку добри методи за откривање и сме одговорни сами за себе, затоа мора да научиме. Мора да знаеме како да се ставиме на прво место, а тоа е тешко за нас жените! И мора да знаеме како да инсистираме на детален преглед “, вели Лонгорија, кој ги користи сите средства, како јавна личност, за да го слушнат нејзиниот глас повеќе луѓе.