СОФИЈА ВЕРГАРА НАПРАВИ ВИСТИНСКИ ХАОС: Поради изборот на фустанот сите очи беа вперени само во неа! (ФОТО)

12 август, 2021
255947_sofijavergara_ls

Одамна не сме виделе поженствен стајлинг

Женствени комбинации, светли бои и впечатливи дезени се дефинитивно нејзин заштитен знак, а ретко може да се најде во издание кое не ги нагласува облините. И овој пат, сите погледи беа насочени кон неа кога зачекори на црвениот тепих во розов фустан со деколте.

Оваа боја е полн погодок оваа сезона, како и фустани како овој. Софија доби чиста десетка од модни експерти, а единствената критика беше на сметка на изборот на чевли. Иако не им се омилени на многу дами, актерката не се откажува од сандалите на платформа.

Имајќи предвид дека има 49 години и дека сѐ уште може да се пофали со совршена фигура, не е изненадувачки што често се одлучува за провокативни стајлинзи кои ги нагласуваат облините.

Дали ви се допаѓа ова модно издание на актерката?