Сопругот успешно го крие од јавноста повеќе од 50 години, но нејзините бујни облини секогаш ги истакнуваа и сака повторно да се најде на насловната страница на „Playboy“

25 јануари, 2021
Screenshot_3

Доли Партон е една од најценетите пејачки со интересна животна приказна, а оваа дама не се срами од ништо.

Легендарната кантри пејачка Доли Партон неодамна го прослави својот 75-ти роденден, таа е на сцената уште од 60-тите години на минатиот век, а и денес воодушевува со својот изглед. Оваа одлична музичарка има и интересна љубовна приказна, за која многумина велат дека е вистинска реткост со sвездите од нејзиниот калибар.

Доли пораснала во семејство со 12 деца, а нејзината мајка ги родила сите на возраст од 35 години. Иако порасна речиси во сиромаштија, Доли е горда на своето семејство. Таа започна да пее како мало девојче на локалните телевизии и радио станици во Тенеси. На 13-годишна возраст, потпиша договор за мала дискографска куќа во Луизијана, и таму го запозна Џони Кеш, кој ја охрабри да ги следи нејзините соништа и инсистираше да стане пејачка. Ден по завршувањето на средното училиште се преселила во Нешвил, каде тргнала со стил. Таа постигна голем успех во 70-тите и 80-тите години од минатиот век, и иако нејзината кариера траеше надолна траекторија во 90-тите години, во новиот милениум таа се врати на стариот пат. Има продадено повеќе од 100 милиони албуми ширум Светот, а денес е горд сопственик на сопствената издавачка куќа Доли Рекордс.

Досега има освоено 10 Греми, за што е номинирана дури 50 пати, а на полиците има неколку награди за животно дело.

Партон има една од најубавите љубовни приказни во светот на шоубизисот. Таа е во брак со нејзиниот сопруг Карл Дин од 1966 година и бидејќи никогаш не се појави во јавност со него, многумина се прашуваа дали тој воопшто постои. Пејачката изјави дека нејзиниот сопруг е резервиран и не сака да се експонира во медиумите. Ова многу им помогна во бракот и затоа и денес функционираат одлично.

“Јас секогаш ја почитував неговата одлука. Тој еднаш ми рече дека јас го избрав тој свет, но тој ме избра мене и можеме да го чуваме нашиот брак надвор од медиумите. И навистина го луваме. Ние сме заедно 56 години и во брак сме 54 години”, рече Доли неодамна во едно интервју. Таа исто така верува како нејзината кариера им помогнала толку многу да ја одржуваат својата љубов. Патуваше цело време и тие не беа цело време заедно, што, според неа, е одлично затоа што никогаш не им здодеало.

Во мај 2016 година, парот ги обнови своите завети на 50-годишнината од брак. Претходно, таа рече дека нејзиниот сопруг бил само еднаш на нејзиниот концерт за време на неговата завидна кариера. И покрај сè, тие се уште се заљубени, а деталите од бракот не сакаат да ги откриваат пред јавноста.

Доли ги изненади сите минатата година со изјавата дека сака да се соблече за Playboy за нејзиниот 75-ти роденден. Доли прв и последен пат се појави на неговата насловна страница пред 42 години, во октомври 1978 година, облечена во костим на црна зајачица. Пејачката не планира да се повлече наскоро и вели дека нејзините гради, со големина од 40DD и осигурени од 600.000 долари, сепак се вклопуваат во костимот на зајачица што го носела последниот пат за Playboy. Таа истакна колку би било секси да се појави на насловната страница кога ќе наполни 75 години, а дали ќе го стори тоа останува да видиме.