Адел за 33-тиот роденден објави нови фотографии, ги одушеви фановите со новиот изглед

6 мај, 2021
1611095471-1610744442684645-adele-new-album-32

По повод 33-от роденден на Адел, таа сподели серија приватни фотографии на својот Инстаграм профил, што инаку ретко го прави.

На црно-белата фотографија, пејачката позира без никаква шминка. Таа објави и фотографија на која позира со раширени раце покрај морето, а на последната танцува со пуштена, брановидна коса.

Бројни следбеници ѝ испратија честитки во коментарите, а многумина исто така се интересираа кога ќе објави нов албум.

„Каде е албумот?“ е коментар кој доби над четири илјади лајкови.

Иако Адел ретко се појавуваше во јавноста во последно време, нејзиниот близок пријател Алан Кар за The Post порано оваа година изјави дека пејачката работи на нова музика.

Минатата недела, Адел, за која се шпекулира дека изгубила повеќе од 45 килограми, се појави на забава по доделувањето на Оскарите.

escort - Korsan taksi