Анџелина Џоли му се враќа на бившиот? Папараците ја фатија како влегува во неговата зграда со шише вино во рацете

13 јуни, 2021
c2e2ecf05757690b36d358fe8065d96e0ca3866e

По Џенифер Лопез и Бен Афлек и Анџелина Џоли фатена како оди кај бившиот!

Анџелина Џоли, откако ја загуби битката за старателство со Бред Пит, беше видена како влегува во станот на нејзиниот поранешен сопруг Џони Ли Милер со шише вино.

Анџелина и Бред се судеа со години

Судскиот процес за старателство над децата помеѓу Анџелина Џоли и Бред Пит траеше со години и сега конечно заврши.

Сепак, папараците успеаја да ја снимат Анџелина Џоли како влегува во зградата во Бруклин, каде се наоѓа станот на нејзиниот поранешен сопруг Џони Ли Милер. Анџелина носеше беж мантил и маска, но на сликите лесно се препознава.

Тие се запознаа на снимање на филм

Двајцата се запознаа во 1995 година за време на заедничкото снимање на филмот „ Hackers “. Тие се венчаа по само шест месеци врска. Венчавката била приватна, а Анџелина (46) имала само 20 години и била облечена во кожни панталони и маица на која го напишала неговото име со нејзината крв.

– И двајцата се запросивме во исто време и двајцата рековме ДА! Секогаш се прашував дали требаше да останеме во венчани подолго додека јас работев во Велика Британија, а тој остана во Лос Анџелес. Но, побрзавме со венчавката – рекла Анџелина во едно интервју.

Бракот траеше кратко

Така беше – Анџелина и Џони се разведоа по неколку години – во 1999 година. Тие, наводно, останале добри пријатели.

Анџелина остана во станот на Џони околу три часа, а Џони следното утро беше виден како трча на дожд. Тој беше облечен во сино мантилче и маска.

Анџелина својот роденден го прослави со децата на 7 јуни, а вечерта беше сама. Таа го напуштила станот на својот поранешен сопруг во 22.30 часот, значи не ја поминала ноќта таму.