Асап Роки конечно ја потврди својата врска со Ријана: “Таа е љубовта на мојот живот. Едноставно кога знаеш, знаеш”.

21 мај, 2021
tan2019-12-22114536490-830x0

– Сè ми беше непознато, но се чувствував како да ми е блиско – рече раперот

Раперот Асап Роки и пејачката Ријана се пријатели и соработници веќе неколку години, а се во романтична врска од минатата година.

Имено, раперот, чие вистинско име е Раким Мајерс, ја опиша Ријана како „љубовта на неговиот живот и онаа вистинската“.

– Таа е љубовта на мојот живот. Едноставно, кога знаеш, знаеш – познатиот рапер изјави за „GQ“ за својата девојка, музичката sвезда Ријана.

Во неодамнешното интервју, тој ја потврди својата врска со Ријана и ја нарече „негова“. По долгогодишно пријателство и соработка на песни, минатата година тие официјално станаа пар.

Тој исто така го помина Божиќ со семејството на Ријана во Барбадос:

– Сè ми беше непознато, но се чувствував како да сум близу – заклучи тој.

Раперот е исто така по потекло од Барбадос, па затоа му било драго да го посети местото каде што пораснал неговиот татко. Ријана и Роки првпат соработуваа на песната „Fashion Killа“. Ријана во тоа време госѕиваше во спотот, но вокално не учествуваше во самата песна.

Роки вели дека Ријана имала големо влијание врз неговата нова музика, како и самата врска:

– Мислам дека е многу важно да имате некој со кого ќе можете да ја споделите вашата креативност и идеи. Едноставно, поинаква перспектива – посочи тој и рече дека новите песни се многу „позрели“ од оние порано.

Ријана го вклучи Роки во кампањата за нејзината козметичка колекција „Fenty Skin“, а Асап зборуваше и за плановите за иднината:

– Ако треба да имам деца, ќе ги имам. Дефинитивно ќе го имам најдоброто дете. Мислам дека ќе бидам одличен татко – рече Роки.

Не е познато во кој точно момент станале официјална двојка, но некое време успеаја да ги заобиколат љубопитните папараци и да ја одржат врската во тајност.

escort - Korsan taksi