Беа згрозени од неговата врска со околу 30 години помладата убавица, но „најсексапилниот дедо“ деновиве им покажа на сите дека погрешиле

10 април, 2021
Sugardaddy-2

Џнлука Вачи и Шерон Фонсека уживаат во љубовта без оглед на разликата во возраста и тој за среќа не престанува да се фали на Инстаграм каде го следат скоро 20 милиони луѓе.

Контроверзниот италијански милионер Џанлука Вачи е во центарот со години поради ексцентричното однесување, луксузниот начин на живот и водењето љубов со убавиците, но сепак најголемо внимание привлече со љубовната врска со Шерон Фонсека, која е триесет години помлада и со која минатата година доби дете.

53-годишниот Џанлука неодамна призна дека сака да се ожени со 25-годишната Шерон, со која ја дели ќерката Блу Џерузалем Џерусалема, и која не престанува да ја опсипува со внимание и нежност што редовно ги споделува и со своите 19,8 милиони фанови на Инстаграм.

Во неодамнешното интервју за Hello! тој рече дека би сакал неговата ќерка да порасне во традиционално семејно опкружување, а Шерон додаде дека едвај чека да го прошири семејството, всушност замолчувајќи ги злобните јазици кои биле згрозени од нивната врска и разликата во возраста.

“И покрај тоа што се чувствувам како да сум веќе во брак со Шерон, би сакал ќерка ми да порасне во традиционално семејство. И би се оженил, пред сè со Шерон. Сакам да кажам дека еден ден ќе се појавам пред неа со прстен и ќе ја прашам дали сака да се омажи за мене. Но од друга страна, би сакал Блу да биде малку постара за да може да се сеќава на венчавката на нејзините родители“, рече тој.

Парот кој планира да живее на релација Италија – Мајами, наскоро би можел да поработи и на потомството бидејќи младата Шерон го сака второто дете што поскоро.

“Да, бидејќи го живеам својот сон. Уживам во секоја секунда и би повторила сè уште илјада пати”, призна таа.

Шарон и Џанлука се запознле пред три години на снимање на музичко видео, а милионерот призна дека Шарон го фасцинирала на прв поглед со својот неверојатен сексапил.

Џаналука во неколку наврати рече дека воопшто не ги загрижува и не им пречи разликата од 28 години и изјави дека има енергија на 15-годишник.

“На Шерон воопшто не и пречи разликата во возраста. Иако ја имам оваа сива брада, имам и енергија на 15-годишно момче”, рече тој во едно од претходните интервјуа за магазинот Hello!.