Бекам заработува 50.000 фунти секој пат кога ќе ја напушти куќата, а причината е БИЗАРНА

28 април, 2021
608d6dc310bf87dc186a36a33f8d6a3010235176

Дејвид Бекам не ја напушта куќата без 50.000 фунти! Поточно, станува збор за договор вреден 17,4 милиони фунти, според кој тој добива 47 671 фунти на ден кога ќе го премине прагот.

Две вести го „потресоа“ светот, а првата е дека Бекамови изгледа се враќаат дома во Велика Британија. Тие ги напуштаат Соединетите држави и се враќаат дома во Косволд.

Другите вести се дека договорот на Дејвид е „тежок“ 17,4 милиони фунти. Според овој годишен договор, тој мора да користи еден парфем, да носи часовник на одредена компанија и костуми од еден бренд. Во просек, тоа значи дека секој излез од куќата ќе го наполни неговиот паричник со 47, 671 фунти.

Името Дејвид Бекам е бренд само по себе

„Дејвид Бекам е меѓународна sвезда и неговото име стана бренд“, стои во договорот. Овој договор се вклопува во стратегијата на компанијата на Бекам, односно како тој се гледа себе си и неговата сопруга на пазарот.

Бекамови неодамна беа снимени како гледаат натпревар во кој „Интер Мајами“ загуби од неговиот поранешен клуб „Галакси“ во Лос Анџелес.

Минатата година Бекамови платија 20 милиони фунти за пентхаус во Флорида дизајниран од Заха Хадид.

Бизнисот на Дејвид Бекам, колку и да е успешен, е полош од оној на неговата сопруга, бидејќи Викторија лани заработи 9,2 милиони фунти повеќе од него.

escort - Korsan taksi