Бен Афлек за момент избега од куќата: Славниот актер си се смееше додека се бореше со пакетите

25 јануари, 2021
1394177

Експертите веќе долго време утврдија дека „мултитаскинг“ е мит и дека правењето повеќе од една работа драстично ја намалува ефикасноста, и ако барате славна личност која добро го илустрира ова – еве го Бен Афлек како пие кафе и носи истовремено пакувања


Познатиот актер Бен Афлек можеби жали за раскинувањето со Ана де Армас, но тој сè уште не ја изгубил смисла за хумор. Кога излегол од куќата да ја земе поштата, која се состоела од многу пакувања, Бен Афлек се обидел да го постави сето тоа едно врз друго и да го стави кафето што го пиел на врвот.


Иако успешно изгради мала кула од пакувања, а потоа испи кафе, актерот се смееше во себе затоа што веројатно чувствуваше колку е нестабилно сè и дека изгледа прилично смешно.


Дополнителна причина за смеење беше што тој немаше појас на фармерките што почна да му паѓаат затоа што неодамна ослабе. Секако, финалето беше кога сите негови пакетчиња сепак паднаа на земја.

Бен Афлек и 32-годишната Ана де Армас неодамна раскинаа. Актерката отпатува за Куба, а 48-годишниот Бен Афлек остана во Лос Анџелес поради децата.

Двојката помина околу една година заедно.

escort - Korsan taksi