БЕСКРАЈНО ЈА САКАШЕ – И БАРАШЕ ДА ЈА ИСКЛУЧАТ ОД АПАРАТИТЕ: Најтрогателната љубовна приказна во светот на славните и понатаму носи солзи

15 април, 2021
157669_profimedia0030599718_ff

Годините поминуваа, нивните кариери, богатство и слава пораснаа, сите ги гледаа со завист, а тие  бескрајно се сакаа. Се до нејзиниот крај.

Лијам Нисон и Наташа Ричардсон важеа за еден од најсреќните парови во светот на славните. Познатите актери беа неразделни со години, а својата љубов и страст не успеаја да ја сокријат ниту на црвениот килим и во секоја прилика изгледаа волшебно. Сепак, нему денес му останаа само спомените од таа љубов.

Иако некогаш, Лиам Нисон не беше суперѕвезда како што е денес, тој важеше за голем шармер и заводник. На списокот на познати убавици кои паднаа на неговиот шарм се Брук Шилдс, Џулија Робертс и Барбра Стрејсенд. Затоа не е изненадувачки што Наташа Ричардсон се сети токму на него кога го подготвуваше мјузиклот „Ана Кристи“. Продуцентите го прифатија нејзиниот предлог, го поканија и останатото е историја. Двајцата освоија бројни награди и номинација за престижната награда Тони за нивните улоги во оваа претстава, но што е уште поважно, тие ја пронајдоа љубовта на своите животи. Со години се зборуваше за нереалната хемија што владееше меѓу нив, а актерката се разведе од сопругот еден месец откако завршија со изведбата на мјузиклот. Беше јасно дека причината е Лијам.

– Не ми беше лесно кога го запознав. Работев со него. Се се случи толку брзо, стана тема за озборување. Се случи во лошо време, но што да кажам? Беше очигледно дека многу се заљубив во него – рече Наташа во една прилика.

Таа истакна дека не е љбоморна и дека не и пречи статусот на Нисон како женкар.

– Драго ми е што жените се заљубуваат во него, бидејќи точно знам зошто – беше искрена.

Кога, брзо потоа, актерот отпатувал во Полска за да го снима филмот „Шиндлеровата листа“, сфатил колку е силна неговата љубов кон Ричардсон и колку многу му недостасува, па затоа, веднаш по снимањето, се сместија заедно во Њујорк, а потоа и се венчаа во 1994 година.

Интересно е што тие двајца повторно соработуваа, но овој пат на филм. Во годината кога се венчаа, тие играа во реализацијата на „Нел“, со Џуди Фостер.

Имаа две деца – едниот син го добија во 1995 година, а другиот следната.

Живееја живот како од фантазија, сè додека во 2009 година на Наташа и се случи незгода на скијање.

– Разговаравме на телефон и таа ми рече: „Драги, паднав малку на снегот“. Така го опиша тоа – рече актерот години подоцна.

Имено, Ричардсон паднала на скијачка патека без заштитна кацига, во моментот кога Лијам снимал филм во Торонто. Тој веднаш побрзал да биде со својата сопруга, иако во почетокот било кажано дека таа е полесно повредена. Сепак, неколку дена подоцна таа паднала во кома поради крварење во мозокот, а апаратите ја одржувале во живот.

– Стоев покрај нејзиниот кревет и и реков, иако не ме слушаше, дека ја сакам. И реков: “Мила, не се враќаш од ова, силно си ја удрила главата. Отиде. Те враќаме во Њујорк каде ќе ги собереме пријателите и семејството”, рече Нисон подоцна, кој мораше да даде дозвола апаратите да бидат исклучени.

Имено, двојката долго време имала договор дека тоа би го сториле доколку некој од нив се најде во оваа ситуација.

– Така и направив. Наташа донираше три свои органи, а во моментов одржува три лица во живот. Таа ги даде срцето, бубрезите и црниот дроб – изјави Лијам пет години по смртта на Наташа.

Како што призна, му било многу тешко да се избори со оваа загуба.

– Во одреден момент, во нашиот стан во Њујорк, кога ќе слушнам како се отвора вратата, го очекувам нејзиниот глас. Чекам да ги фрли клучевите на масата и да го довикне моето име. Целиот мој свет се сруши кога таа замина – раскажа актерот.

escort - Korsan taksi