Били Портер e ХИВ позитивен: „Криев од сите, дури и од мајка ми“.

20 мај, 2021
Screenshot 2021-05-20 225550

Американскиот актер Били Портер (51) реши да го прекине молкот и призна дека е позитивен на ХИВ, што целосно ја шокираше светската јавност.

Американскиот актер Били Портер (51) реши да го прекине молкот и призна дека е позитивен на ХИВ, што целосно ја шокираше светската јавност.

Sвездата на „Поуз“ рече дека му е дијагностициран ХИВ во јуни 2007 година и дека тоа го чува во тајност од сите со години, вклучувајќи ја и неговата мајка.

„Се обидував да имам живот и кариера и не бев сигурен дека можам да постигнам нешто доколку дознаат погрешни луѓе“, рече Портер.

– Тоа би бил само уште еден начин луѓето да ме дискриминираат во веќе дискриминираната професија – додаде тој.

Таа година откри и дека има дијабетес тип 2, па затоа ја смета за најлоша во неговиот живот.

– Срамот од тоа време ме замолкна и со тој срам живеам во тишина веќе 14 години. ХИВ позитивен, местото од каде што доаѓам, растењето во многу религиозно семејство, сето тоа звучи како Божја казна – рече Портер, откривајќи дека неговиот очув сексуално го злоставувал од 7 до 12 година.

Актерот откри дека бил толку „засрамен“ од дијагнозата на ХИВ, што ја скрил и од неговата мајка, која веќе се соочила со верски прогон поради нејзиниот син кој е хомосексуалец.

Оваа година тој конечно и ја призна на својата мајка долго чуваната тајна.

– Те сакам без оглед на се – беше одговорот на неговата мајка, а актерот сега е, како што наведува, е подготвен за ново поглавје во неговиот живот.

escort - Korsan taksi