БРАКОТ НА ТЕСТ Оваа година може да биде клучна за семејството Клуни

27 мај, 2021
profimedia-0287801275

Седмата година од бракот во која влегоа Амал и Џорџ може да биде клучна

Еден од оние парови за чиј развод се шпекулираше со години, а истото никогаш не се случува, секако се Амал и Џорџ Клуни. Адвокатката за човекови права и 59-годишниот актер ја интригираат јавноста со нивната врска, но и медиумите кои често предвидуваат крај на нивната љубов. Магазинот „Нова идеја“ сега пишува токму за тоа, тврдејќи дека 43-годишничката и нејзиниот 16 години постар сопруг одлучиле да направат привремена пауза еден од друг за да размислат дали на крајот ќе се разведат или ќе успеат да ја обноват нивната љубов.

George Clooney

Според медиумите, на Амал наводно и здосадил нејзиниот сопруг, кој ја претпочита својата кариера пред нивните деца, тригодишните близнаци Александар и Ела и нивното семејство и сè ескалирало откако холивудскиот заводник ја известил сопругата дека наскоро ќе биде повторно надвор од дома поради снимање на филм во Австралија и Бали. Додека таа ужива да поминува време со малите, за Амал тоа било капка која ја прелила чашата, бидејќи според изворот на Нова идеја, адвокатката верува дека таа целосно ја занемарила сопствената кариера затоа што некој треба да се грижи за децата додека Џорџ е на пат.

„Тој исчезнува и ја остава да се грижи за сè“, објасни извор близок до парот, кој откри дека двојката се решила да паузира заради сето горенаведено, а следните месеци треба да ги поминат одделно. Додека децата сè уште треба да бидат со својата мајка, Џорџ ќе продолжи да ги снима своите филмови на друга адреса, а разделбата треба да им покаже на сопружниците дали можат еден без друг или станува збор само за привремени падови. Патем, со оглед на тоа што парот зачекори во седмата година од бракот, која е позната и како „кризна година“, истите медиуми тврдат дека нема да биде изненадување ако се решат да го сторат она за што се пишува со години – развод.

escort - Korsan taksi