Бритни Спирс за прв пат се огласи по шокантниот документарец: „Се обидувам да станам нормална…“

10 февруари, 2021
o_10073089_480

Откако во петокот беше прикажана премиерата на документарниот филм „Framing Britney Spears“, не престанa да се зуи за него.

Откако светлото на денот го виде документарецот на Њујорк Тајмс, наречен „Framing Britney Spears“, самата пејачка објави дека има намера да ги смири своите лути обожаватели.

Филмот го истражува нејзиниот подем во светот на славните, суровиот третман на медиумите кон поп принцезата, нејзините проблеми со менталното здравје и особено борбата што ја водеше со нејзиниот татко околу сопствените финансии со години.

Поп-sвездата на својот профил на Твитер потсети дека луѓето често се посложени отколку што изгледаат и призна дека се обидува да научи како да стане „нормална личност“.

-Секој има своја приказна и свој став за приказните на другите луѓе. Запомнете, што и да мислите дека знаеме за нечиј живот, не е ништо во споредба со она што навистина го поминува вистинската личност – напиша таа, и со видео од нејзиниот концерт во 2018 година каде ја изведува песната „Toxic“ додаде: – Не можам да поверувам дека ова беше пред три години!

-Отсекогаш сакав да бидам на сцена… но во моментов учам како да станам нормална личност… Сакам да уживам во едноставноста на секојдневниот живот! – заклучи Бритни, која последен пат настапи во октомври 2018 година, откако реши дека ќе биде така „сè додека нејзиниот татко Џејми е овластен за нејзиниот приход“.

По премиерата на документарниот филм во петокот, се чини дека целиот свет започна да зуи за тоа. Дури и нејзиното момче Сем Асгари имаше што да каже.

-Сакам сите да знаете дека немам почит кон некој што се обидува да ја контролира нашата врска и постојано не субвертира. Џејми е тотален кретен. Нема да навлегувам во детали бидејќи отсекогаш ја почитував нашата приватност, но во исто време, не се преселив во оваа земја за да не можам слободно да го кажам своето мислење – рече иранскиот фитнес модел на Инстаграм.

Кога стана познато дека Џејми Спирс (68) сè уште управува со целиот имот на неговата ќерка Бритни и, уште пошокантно, дека тој ги донесува сите деловни и приватни одлуки во нејзино име, движењето #FreeBritney, поддржано од нејзините обожаватели, започна да се шири на социјалните мрежи.

Бритни живееше во овие услови, без никаква слобода, од распадот на 2008 година по бурниот развод со Кевин Федерлајн и тешката борба за старателство над децата, што Бритни падна екстремно тешко емотивно и во една прилика наводно се забарикадира во бањата со деца но подоцна беше на кратко хоспитализирана во психијатрија.

Извор близок на пејачката изјави дека Бритни сè уште не го гледала документарниот филм, но дека знае за него.

-Не го погледна, ќе ја нервира правната битка што сè уште ја води против нејзиниот татко. Мисли дека нема да може да води нормален живот се додека не заврши со тоа. Таа знае дека тоа е битка за целиот нејзин живот – рекол изворот.

escort - Korsan taksi