Далечен роднина на Хари и Вилијам е на пат да стане светец!

21 февруари, 2021
d04ba39d-faf3-437a-b914-95d449b5216d


Католички свештеник од 19 век во Англија, далечен роднина на британскиот принц Вилијам, е на пат да стане светец, објави Ватикан.

Ватикан во саботата објави дека папата ги признал „херојските доблести“ на Џорџ Спенсер, свештеник на религиозниот поредок, кој живеел од 1799 до 1864 година.

Спенсер, кој ја напушти Англиканската црква, го зеде името на Игнатиј од Свети Павле откако стана католички свештеник.

Принцот Вилијам и принцот Хари се во роднинска врска со Спенсер преку нивната мајка Дијана Спенсер, покојната принцеза од Велс, која почина во 1997 година.

Спенсер бил пра-пра-прадедо на Дијана, а исто така и пра-прадедо на воениот британски премиер Винстон Черчил, стои на веб-страницата на Римокатоличката епархија во Шрусбери.

Тој израснал во имотот на предците на Спенсер во Алторп, каде е погребана принцезата Дијана.

Откако беше ракоположен во Рим, тој се врати во Англија и им служеше на сиромашните ирски мигранти на Западниот Мидлендс.

Верскиот поредок во Велика Британија работи со децении наназад да најде причина да го прогласи за светец, истражувајќи го неговиот живот и списи.

Потегот на Папата значи дека Спенсер сега ја има титулата „Божји слуга“.

Неговата канонизација е сè уште во рана фаза. Едно чудо ќе треба да му се припише на Спенсер за да биде прогласен за благословен и да стане светец. Чудо обично вклучува медицински необјасниво заздравување на некоја личност.

Според учењето на Римокатоличката црква, само Бог прави чуда, но светците, за кои се верува дека се со небесниот Бог, се залагаат за луѓето што им се молат.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum