ДНЕВНА ДОЗА ХОЛИВУД: ПЕЈАЧКАТА КОНЕЧНО ГО ПРОКОМЕНТИРА СКАНДАЛОЗНИОТ ДОКУМЕНТАРЕЦ, А ПОРАНЕШНИТЕ ВЕРЕНИЦИ СИ УПАТИЈА КОМПЛИМЕНТИ ЕДЕН НА ДРУГ!

8 април, 2021
Screenshot 2021-04-08 232838

Денес од холивудските портали пристигнуваат вести за Џенифер Лопез, Бритни Спирс и Бен Афлек.

Американскиот актер Бен Афлек (48) во неодамнешното интервју за InStyle ја пофали својата поранешна свршеница Џенифер Лопез (51). Да се потсетиме, двајцата беа во емотивна врска пред скоро две децении, но ја раскинаа свршувачката во 2004 година.

– Мислев дека имам добра работна етика сè додека не ја запознав и сфатив колку всушност е можно да се посветиш на работата и како да ги поставиш и оствариш своите цели. До денес не сум сретнал некоја повредна личност во овој бизнис. Точно е дека таа е талентирана, но треба да се посочи и колку се трудеше за да го постигне успехот што го има денес – рече Бен, а потоа лично и го постави прашањето: Каде ја криеш фонтаната на младоста? Сè уште изгледаш како што изгледаше во 2003 година, а јас, во најдобар случај, можам да поминам како да сум во раните 40-ти.

Ben Affleck Opens Up About Alcohol Addiction in Statement | Time

– Немам никаква тајна, освен препаратите што ги користам. Бен е многу смешен, а исто така и одлично изгледа. Во моментов сум во подобра форма од кога било. Во моите 20 и 30 години, исто така, редовно вежбав, но не како сега. Сега моите тренинзи се потешки и попаметно осмислени. Она што е клучно во сето ова е дека вежбам за здравје, а не за убав изглед. Кога правите нешто од правилни причини, тогаш изгледате подобро! – му одговори американската пејачка.

Jlo Sends Message to Fans Ahead of Her Concert in Egypt - Sada El balad

Од друга страна, американската пејачка Бритни Спирс конечно проговори за документарниот филм на  New York Times, Framing Britney Spears, кој ги претставува нејзиниот живот и кариера во изминатите две децении, потенцирајќи дека поранешниот тинејџерски идол е всушност жртва на папараците, медиумите, поранешните емотивни партнери, но и нејзиниот сопствен татко, за кого обожавателите веруваат, иако сè уште нема официјална потврда, дека ја држи затворена во домот спротивно на нејзината волја и ги контролира целиот нејзин живот и финансиите.

– Целиот мој живот отсекогаш бил под лупа, предмет на разни шпекулации и осудувања. Многу е тешко да му верувате на светот и да му ги покажете своите слабости, кога за возврат добивате навреди и осуди, но и понижување од страна на медиумите, и порано и сега. Не го гледав документарниот филм, но од клиповите што ги видов морам да кажам дека се чувствував засрамена поради начинот на кој ме претставиле. Плачев со недели поради тоа, па дури и сега понекогаш пуштам солза – рече Бритни, додавајќи дека наоѓа утеха во танцувањето.

Britney Spears alludes to conservatorship documentary on social media:  "Each person has their story"