Џенифер Лопез, наводно, сè уште го чува вереничкиот прстен со кој Бен Афлек ја запроси

18 мај, 2021
Screenshot 2021-05-17 233729

Актерот ја запроси пејачката со розов дијамант од 6 карати дизајниран од Хари Винстон, проценет на 2,5 милиони долари

Фактот што Џеј Ло го чува прстенот сите овие децении, секако ја прави нејзината повторна средба со Бен уште попосебна.

Што се случи со вереничкиот прстен на Џенифер Лопез, кој го доби од Бен Афлек? Очигледно можеби сè уште го поседува сите овие години! Поранешниот публицист на еј Ло, Роберт Шутер, тврди дека таа никогаш не му го вратила раскошниот дијамант на Бен откако тие ја раскинаа свршувачката во 2004 година.

Ben Affleck i Jennifer Lopez | Autor: Shutterstock

Шутер зборуваше за неговата поранешна шефица и нејзината наводно обновена врска со Афлек по еднонеделниот одмор на парот во Монтана. „Колку што знам, Џен никогаш не го врати прстенот“, откри Шутер за реткиот розов блескав дијамант. „Значи, ако работите се развијат со нив двајца, Боже, таа веќе го има најубавиот прстен што сум го видел.

 | Autor: Facebook

51-годишната Џеј Ло и 48-годишниот Бен започнаа да се дружат по средбата на снимањето на Гигли во 2001 година. Една година подоцна, актерот ја запроси пејачката со 6-каратен розов дијамантски прстен дизајниран од Хари Винстон, проценет на 2, 5 милиони долари.

“Апсолутно е зачудувачки. Бев еднаш со неа и тој прстен заслепува”, рече Шутер за розовиот веренички прстен на Џенифер. “Речиси помислив – прости ми, Џен – како да е лажен, бидејќи беше толку голем! Не мислев дека е реално! Таа рече: “Не го допирај, тоа е вистински прстен”.

Фактот што Џеј Ло го чуваше прстенот сите овие децении, секако ја прави нејзината средба со Бен уште попосебна. Page Six беше првиот магазин кој извести дека парот „поминува време заедно“ по разделбата на Џенифер со Алекс Родригез. Пејачката и поранешната бејзбол sвезда раскинаа во април 2021 година, по четири години врска. Набргу откако Џеј-Род го објави раскинувањето, Бен беше забележан во бел џип пред домот на пејачката во Калифорнија. На почетокот на мај, двојката заедно отпатуваа во Монтана.

Според изворот, од тогаш Џеј Ло и Бен разговараат секој ден. „Џенифер е во контакт со Бен секој ден“, рече изворот. “Тие планираат да продолжат да се гледаат. Џенифер е многу возбудена за тоа како стојат работите со Бен”.

escort - Korsan taksi