‘ЕМИЛИО СПРЕМА ОДМАЗДА’ Кејти се плаши за тоа што ќе го каже

28 мај, 2021
profimedia-0259693908

По неодамнешното раскинување со италијанскиот готвач, актерката Кејти Холмс повторно ги полни медиумските колумни. Странските таблоиди пишуваат дека нејзиното поранешно момче сака да се одмазди

„Мирно се разделија, но сепак остануваат пријатели“, изјави портпаролот на 42 – годишната актерка, Кејти Холмс, кој потврди дека нејзината осуммесечна врска со седум години помладиот италијански готвач Емилио Витоло дошла до крајот. Парот, кој привлекуваше внимание со својата јавна размена на нежности од септември минатата година, „исчезна“ од улиците на Њујорк пред неколку недели, а кратко време откако започнаа гласините за раскинување, истото беше официјално потврдено. Но, иако на американските медиуми им беше кажано дека одлуката да се стави крај на врската е консензуална, National Enquirer сега пишува дека зад неа стои вистинска драма која наскоро може да ескалира во медиумите.

Katie Holmes

Имено, извор за споменатите медиуми изјавил дека Кејти и Емилио не останале во толку добри односи како што се прикажуваат во медиумите и дека ѕвездата од серијата ‘Dawson’s Creek’ всушност стравува од одмазда која нејзиното поранешно момче би можело да ја сервира сега кога веќе не се заедно. „Витоло е желен за слава и Кејти е свесна за тоа. Со цел да ги добие своите пет минути, готвачот може да открие некои од тајните на актерката, како што се, меѓу другото, деталите за нејзината врска со нејзиниот поранешен сопруг Том, со кого ја има 15-годишната ќерка Сури”, рече неименуван извор.

katie holmes

Патем, иако нема официјална потврда за овие тврдења, странските медиуми во текот на нивната врска постојано пишуваа дека Емилио ја користи Кејти само за слава. Во тоа време се шпекулираше дека готвачот има ненадејна природа и дека пријателите на актерката се загрижени за нивната врска бидејќи 42-годишничката тогаш наводно не видела колку односот со помладиот Емилио е токсичен.  

escort - Korsan taksi