ЕВА ЛОНГОРИЈА (46) НЕ ПРЕСТАНУВА ДА ВООДУШЕВУВА: Во црвен костим за капење го запали Интернетот! (ФОТО)

8 мај, 2021
249381_profimedia0602386095_ls

„Не старееш“, „Изгледаш неверојатно“, „Фантастично“, беа некои од коментарите.

Иако глумеше во филмовите од „А“ продукција, Ева Лонгорија сепак ја паметиме по улогата на Габриела Солис во серијата „Очајни домаќинки“, која беше прикажувана од 2004 до 2012 година. Црвената боја што со задоволство ја носеше во серијата пред 20 години, со последната објава покажа дека и денес и прилега одлично.

Оваа актерка, продуцентка и дизајнерка неодамна ги воодушеви своите обожаватели со фотографија што ја сподели на Инстаграм. Имено, Ева се пофали со феноменално тело во црвен дводелен костим за капење, а нејзините следбеници одговорија со пофални зборови: „Не старееш“, „Изгледаш неверојатно“, „Фантастично“, се нижеа коментарите.

Да се потсетиме дека по раѓањето на нејзиниот син Сантијаго во 2018 година, таа започна да тренира со Грант Робертс, кој и помогна да се врати во форма: “Работам многу. Трчам, вежбам јога, пилатес, постојано комбинирам вежби”, изјави таа за списанието „Пипл“.