Еве кој всушност се криел зад темните кациги во последните 28 години и влегол во историјата на музиката, тие отсекогаш биле мистериозни!

1 март, 2021
Daft-Punk

Дафт Панк ја блескаше и палеше светската музичка сцена во последните 28 години, а нивната приказна започна многу одамна во едно париско јавно училиште.

Едно од најпопуларните и најуспешните танцувачко дуо на сите времиња Дафт Панк ги остави фановите ширум светот во шок откако тие ја објавија веста за повлекување од сцената по скоро 30 години работа. Нивниот заштитен знак цело време беа црни кациги под кои тие никогаш не ги покажуваа своите лица на настапи и во јавност, а многумина навистина не знаат како навистина изгледаат.

Тука спаѓаат Парижаните Гијом Емануел де Хомем-Христ, исто така познат како Гај-Мануел или Гај-Ман и Томас Бангалтер, кој од пријателите во едно париско државно училиште на почетокот на 90-тите станаа врвни музичари со шест добиени Греми награди и богатство кое се проценува на приближно 70 милиони долари.

Иако се здобија со светска слава, Гај-Ман и Томас ги чуваа своите приватни животи и животите на нивните семејства далеку од јавноста и светлината на сцената сите тие години, избегнувајќи да се појават на кој било настан или настап без маска или кацига на главата.

Гај-Ман никогаш не се појавил никаде со својата сопруга, за која се верува дека се вика Гуила и е мајка на нивните две деца, а тој самиот бил случајно снимен само неколку пати додека бил на сцената. Томас беше малку поотворен во врска со тоа, па затоа беше малку повеќе виден со неговата сопруга и француската актерка Елоди Бушез. Парот исто така има две деца и моментално живее во Париз.

„Имаме нормален париски живот, поедноставен отколку што луѓето го замислуваат“, рече Елоди во едно интервју во 2018 година за списанието „Elle“.

Дуото повеќе пати истакна дека имаат таков пристап затоа што не веруваат дека се големи sвезди, иако остварија музичка соработка со некои од најпопуларните музичари на денешницата како Фарел Вилијамс и The Weeknd но сакаа фокусот да остане само на нивната музика.

escort - Korsan taksi