ФБИ бара Ким Кардашијан да ја врати украдената римска статуа! Таа вели дека „нема идеја дека постои“

5 мај, 2021
kim-kardashian-kim-kardasijan-830x0

– Ким никогаш не го купила ова парче и сега прв пат дознава за неговото постоење – рече претставникот на Ким Кардашијан

Американската влада бара од Ким Кардашијан (40) да се откаже од античката римска скулптура која илегално била шверцувана од Италија.

Имено, Кардашијанката во 2016 година од „Галеријата Аксел Вервоордт“ во Белгија купила статуа од варовник, позната како „Фрагмент од Сајонска Атина на Мирон“, пишуваат странските медиуми

Античкото уметничко дело – кое датира од 1 или 2 век – било запрено кога пристигнало во Лос Анџелес во мај 2016 година, откако американските власти биле предупредени дека може да се работи за заштитено културно богатство, се вели во извештајот.

Понатамошното испитување на документите поврзани со статуата имало одредени отстапувања, што ги натерало службените лица да се посомневаат од каде потекнува ова уметничко дело.

Во 2018 година, италијанското Министерство за културно наследство испрати археолог да го испита делото. Експертот потоа заклучил дека оваа статуа е украдена, шверцувана и нелегално извезена од Италија, наведувајќи дека државата Италија ја бара назад.

ФБИ и нареди на Кардашијан да се одрече од делото, и во петокот, во Калифорнија, поднесоа тужба за конфискација на имот. Нема индикации дека Ким била свесна за потеклото на статуата.

– Ким никогаш не го купила ова парче и првпат дознава за неговото постоење. Ние веруваме дека делото е можеби неовластено купено со нејзино име, и бидејќи никогаш не стигнало до нејзината адреса, таа не била ни свесна за каква било трансакција. Ние ја охрабруваме понатамошната истрага и се надеваме дека статуата ќе им биде вратена на нејзините вистински сопственици – рече претставникот на Ким Кардашијан на оваа тема.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi