ФОТО | Игор Џамбазов нè врати во времето на „Супер бинго“: Натали, дај му на човекот!

24 март, 2021
dhambazov-natali

Игор Џамбазов на својот инстаграм-профил сподели фотографија која инстантно нè врати во 90-тите години, или како што вели тој, во златната ера на телевизиските игри на среќа.

Игор и Натали беа најпознатото водителско дуо кое со години ја забавуваше целата јавност. Заедно ги водеа популарните игри на среќа „Џандар збира“, „Супер Бинго“ и „Тркало на среќата“

Елеганција во движење… со Натали Грубовиќ, во златната ера на телевизиските игри на среќа“, напиша Џамбазов во описот на фотографијата.

Со оваа ретро објава, познатиот шоумен ја израдува македонската јавност, но истовремено предизвика носталгични чувства кај голем број негови следбеници, пријатели и обожаватели кои веднаш почнаа да коментираат под фотографијата сеќавајќи се на едно поубаво време од времето што го живееме изминатава година.

„Убави времиња“, „Ајдее Наталии, дај му на човекот – овој слоган остана во народот од тие времиња“, „Ех бре Игоре“, „Се сеќавам како вчера да беше“, „Ајде враќај се на малите екрани“, „Ова не е бинго, ова е Супер Бинго“, „Носталгија, убави времиња“, беа само дел од коментарите кои се нижат под објавата на Џамбазов.

Преземено од slobodenpecat.mk