ГИ ПОТВРДИЈА СОМНЕЖИТЕ – Палатата се огласи: „Хари доаѓа на погребот, Меган не“

10 април, 2021
profimedia-0604370096-1

Откако вчера излезе веста дека сопругот на кралицата Елизабета Втора починал, сите ги интересираше само една работа – дали Меган и Хари ќе дојдат на последното збогување

Според „People“, од Бакингемската палата јавиле дека 36-годишниот принц Хари ќе присуствува на погребот на војводата од Единбург следната сабота, додека неговата бремена сопруга, 39-годишната Меган Маркл, нема да биде на последното збогување со принцот Филип. „Војводата од Сасекс планира да дојде. Лекарите на војвотката ја советувале да не патува поради нејзината состојба, така што само војводата ќе присуствува на последното збогување со принцот Филип“, изјави портпаролот на палатата и со тоа даде одговор на прашањето што кружеше во странските и домашните медиуми од вчера.

Лекарите ја советувале војвотката да не патува поради нејзината состојба

Како што беше познато, поранешната актерка наскоро треба да го роди своето второ дете, девојче чиј термин е доцна оваа пролет, па се претпоставуваше дека поради нејзината состојба, но и моменталната состојба со корона вирусот, таа нема да дојде на погребот на дедото на сопругот. За Хари, од друга страна, ова ќе биде прво враќање дома откако ја напушти Велика Британија на почетокот на минатата година и со сопругата и нивниот наскоро двегодишен син Арчи реши да го продолжи животот во Канада, а потоа во САД каде што се моментално.

Освен што ова ќе биде прва посета на Хари во куќата, за неколку дена принцот за прв пат ќе се сретне со остатокот од семејството, еден месец откако беше објавено бомбастичното интервју со Опра Винфри, во кое, меѓу другото , тој и сопругата ја обвинија палатата за расизам и дискриминација на нивниот син. Како ќе помине средбата помеѓу принцовите Хари и Вилијам, но и кралицата и нејзиниот внук, јавноста ќе дознае за една недела кога војводата од Единбург, кој почина вчера утрото, само неколку месеци пред неговиот 100-ти роденден, ќе биде погребан.

escort - Korsan taksi